Неколку улици во Скопје денеска без вода

Јавното претпријатиее Водовод и канализација – Скопје соопшти дека денеска неколку улици ќе имаат прекин на водоснабдување, додека корисниците на уште две други улици ќе имаат намален притисок на вода.

– Ве известуваме дека на ден 19.05.2022 година,поради санирање на уличен дефект од Ф-80 мм на ул.Козле бр.47 во населба Козле, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на ул. Козле од бр.1 до бр.55 и со намален притисок ул. Милан Марковиќ и ул.Крчин од 09:40 часот до завршување со активностите, се вели во соопштението.

19.05.2022 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа