Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска неколку часа без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Карпош, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода.
Како што информираа од Регионален центар за управување со кризи, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија, прекините се резултат на технички активности и одржување на електродистрибутивната мрежа.
Според најавата, од 08:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците на булеварот „Партизански одреди“ бр. 125-2 во општина Карпош.
Од 09:00 до 13:00 часот прекин на електричната енергија ќе имаат дел од корисниците на улицата „Шидска“, во близина на менувачницата „Срна“, во општина Ѓорче Петров.
Во општина Аеродром, пак, од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата „Тодор Чангов“ број 30 и 38.
Од 11:00 до 13:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат и дел од корисниците на улицата „Ѓорчи Динката“, во близина на Основното училиште „Кузман Шапкарев“ во општина Кисела Вода.


