Млад татко од Виена се соочил со бизарна судска битка откако на неговата домашна адреса пристигнала казна од 200 евра за „нарушување на јавниот ред и мир преку бучава“. Причината? Неговиот сосед поднел жалба бидејќи навечер од станот се слушала бучава.

Полициските службеници кои отишле на местото на настанот таа вечер по пријавата пронашле мир и тишина во станот. И покрај фактот што службениците не слушнале никаква бучава, му издале казна од 200 евра или 47 часа затвор. Проблематичната „бучава“ всушност биле неговите два сина, близнаци под една година, објавува Кронен Цајтунг.

Таткото не сакал да ја плати неправедната казна и го однел целиот случај до Административниот суд во Виена. Тие ја прифатиле и издале соопштение кое може да послужи како мала лекција по биологија и коегзистенција.

„Добро познат факт е дека децата на таа возраст сè уште немаат солиден ритам на спиење. Фактот дека малите деца шетаат низ станот и повремено паѓаат додека го прават тоа е типично однесување, исто како плачењето на бебињата“, се наведува во образложението на судот.

Судијата нагласи дека таков звук не може да се смета за „непристоен шум“. Со други зборови, бебињата не само што плачат, туку имаат право да го прават тоа, дури и среде ноќ, а соседите мора да го толерираат тоа.

Exit mobile version