Неколку лица затруени со јагнешко месо во ресторанот „Јавор“

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) времено го затворил ресторанот „Јавор“ во скопската населба Карпош откако неколку лица се пожалиле на симптоми на труење со храна, дознава „А1он“.

Информацијата за „А1он“ ја потврдиле и од ДЗСИ од каде велат дека добиле дојава за труење и излегле на терен заедно со екипи од Центарот за здравје и од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

„Сите лица кои се пожалиле на симптоми на труење јаделе јагнешко месо. Објектот е затворен и се чекаат резултатите од мострите од храна, a земени се и брисеви. Резултатите ги чекаме во текот на следните неколку дена и штом ќе ги добиеме, ќе се одреди натамошната постапка“, ни изјави Ирина Бухова, директорка на санитарниот инспекторат.

Утринава, уште три лица кои јаделе во друг познат скопски ресторан во населбата Тафталиџе се пожалиле на симптоми на труење со храна во Центарот за јавно здравје и тие биле префрлени на Инфективната клиника. Дополнително, уште шест лица кои јаделе во истиот ресторан се пожалиле дека не се чувствуваат добро откако јаделе во ресторанот.

Но, во периодот додека Центарот за јавно здравје им јавил на инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и додека тие пристигнале на терен, објектот веќе бил затворен.

„Не можевме да влеземе во ресторанот, бидејќи пишуваше дека тој се реновира, иако утрината луѓето јаделе во истиот, па нашите претпоставки се дека некој претходно им дојавил дека доаѓа инспекција“, вели Бухова за „А1он“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2019 - 17:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега