Планирани зафати на електродистрибутивната мрежа денеска, 7 август, ќе предизвикаат прекини во снабдувањето со електрична енергија на повеќе локации во Скопје.

Во периодот од 6 до 10 часот прекин на електричната енергија е предвиден за корисниците во Колонија Идризово и дел од Јурумлери, во општина Гази Баба.

Без напојување од 8:30 до 12:30 часот ќе бидат и корисниците во селата Љуботен, Љубанци и Раштак, како и во дел од Булачани, на подрачјето на Бутел и Гази Баба.

Во општина Кисела Вода, пак, прекинот ќе трае од 9 до 12 часот и ќе ги опфати дел од корисниците на улицата „Антон Димитров“ во Драчево.

Exit mobile version