Некој се крстел, некој плачел - детали за драмата на летот на Монтенегро ерлајнс во кој пилотот изгубил свест

Копилотот на „Монтенегро ерлајнс“ бил приморан да го преземе кормилото и да направи драматично слетување откако капетанот на авионот изненадно се онесвестил додека се подготвувал за слетување во Москва минатата недела.

Патниците и екипажот останале исплашени откако видел дека пилото се онесвестил пред нив, додека леталото во кое биле почнало да се спушта. Копилото на авионот „Фокер 100“ информирал дека дека е донесена одлука авионот да слета во Калуга, место оддалечено на околу 200 километри од Москва.

Туристите на летот рекле дека авионот со 85 патници и пет членови на екипажот се вртел во воздух за време на драмата. 

Настја, една од патничките за медиумите рекла дека понекогаш плаче за време на полетување и слетување со авион, но дека никогаш не плачела како тој ден. Некои извештаи велат дека на пилото му било лошо и отишол до тоалет, но се онесвестил на подот пред очите на птниците.

Туристката Татјана Смирнова, која исто така била на летот, рекла дека целиот лет бил драматичен.

„Авионот одеднаш скокна, еден човек излезе од кокпитот и падна во ходникот. Подоцна сфатив дека тоа е пилото. Стјуардите почнаа да бараат доктор, паниката растеше. Лицето на онесвестениот пилот стана сино. Потоа млада жена потрча кон него и почна да му пружа прва помош. Авионот брзо почна да се спушта. Луѓето плачеа, како и јас. Некој се прекрсти. Слетувањето не беше 2мекано“ како беше пријавено. Но другиот пилот си ја одработи својата рабопта, сите патници аплаудираат“, рекла Татјана.

Руските власти објавиле дека никој не бил повреден.

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2019 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега