Некаде дожд, некаде снег- каде наврна најмногу во изминатите 24 часа

 

Најмногу дожд наврна во Охрид и Дебар, а снежна покривка има на Попова Шапка.

Според информациите на УХМР во Охрид се наврнати 26 л/м2, 22 во Дебар, 19 Претор и Пожаране, 18 Берово, 17 Битола и Крушево, 14 Прилеп, 12 Струмица и Дојран, 11 Демир Капија, девет Тетово, осум Крива Паланка и Штип, шест Скопје-Зајчев Рид, четири Куманово и два Скопје-Петровец.

На Попова Шапка висината на снежната покривка утрово изнесува 46 сантиметри.

Утринската температура во целата земја била над нула. Во Крива Паланка, Тетово и Крушево се измерени нула степени,,еден во1 Скопје-Зајчев Рид, Дебар,и Куманово, два Скопје-Петровец, Штип и Берово, три Битола и Прилеп, четири Демир Капија  Струмица, пет Охрид, Гевгелија,  Дојран и осумстепени во Претор.

Во текот на ноќта и утрово времето е облачно,  со врнежи од дожд. Утрово појава на магла има во кривопаланечкиот регион.

Во текот на денот ќе се задржи облачно со врнежи од дожд. Врнежите пообилни ќе бидат во северните и северозападните делови каде локално се очекува да наврнат и над 30 л/м2. Врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со засилен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 70 км/час.

Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 степени.

Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.01.2021 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега