Нека не ве лаже сонцето: Најавен влажен бран во Македонија

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во крајните североисточни делови облачно со слаб снег. Попладне претежно сончево. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието и во источните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени.

Во Скопје сончево, претпладне со мала облачност. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 6 степени.

Во среда и четврток времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. Влажен бран со врнежи од снег се очекува во петок.

18.01.2022 - 07:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега