„Нејшнл Џиографик“: Една слика, илјада зборови

 

Насловната страница од јунскиот број на списанието „Нејшнл Џиографик“ масовно се споделува на друштвените мрежи, а пораката е прилично моќна.

Пораката е дека луѓето го гледаат загадувањето со пластичен отпад само како врв од ледена санта, односно не сакаме да проѕреме „под површината“ на проблемот. Сликата алудира и на тоа што научниците скоро пронајдоа пластична ќеса на најдлабоката точка во океанот.

Ќеса море

Насловната страница на Твитер завчера прв ја сподели Вон Волас, уредник на списанието, два дена пред бројот да биде пуштен во продажба.

Луѓето имаат само пофални зборови, како за сликата, така и за фокусот на списанието на еден од најголемите еколошки проблеми денес - пластичниот отпад. 

 

 

 

18.05.2018 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа