Нејмар негира дека го прекршил карантинот

Sвездата на Пари Сен Жермен, Нејмар негираше дека ги прекршил препораките за социјално дистанцирање за време на престојот во родниот Бразил.

Нејмар објави фотографии на Инстаграм на кои се сонча и игра одбојка на плажа со група пријатели за време на паузата заради пандемија на коронавирусот. 28-годишниот напаѓач се правда дека луѓето на фотографиите не се случајни, туку патувале со него од Париз со приватен авион и биле карантинирани со него.

– На фотографијата, Нејмар е со луѓе, кои беа во карантин со него. Овие луѓе патуваа со Нејмар од Париз за Бразил. Нејмар ги покани да поминат 14 дена со него пред да заминат кај нивните семејства, изјави портпаролот на фудбалерот за „Глобо Медија Груп“ во Бразил.

Во изјавата се вели дека единствениот надворешен посетител на групата е синот на Нејмар, Дави Лука, откако напаѓачот избегнува состаноци со другите роднини, вклучувајќи ги и мајка му, баба му и сестра му.

– Куќата каде играчот е во карантин е целосно изолирана и му дава самодоверба да продолжи со тренинзите. Тој со нетрпение го очекува крајот на овој тажен период за човештвото и враќање на нормални активности, додаде Нејмар.

 
 
 
View this post on Instagram

Cansados porém felizes até o davizinho treinou hoje by: @gilcebola

A post shared by ene10ta Érre neymarjr (@neymarjr) on Mar 26, 2020 at 1:11pm PDT

30.03.2020 - 23:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега