Нефи Усеини ја предводи советничката листа на ДУИ во Охрид

Контроверзниот охридски бизнисмен Нефи Усеини ја предводи советничката листа на ДУИ во Охрид на претстојните локални избори.

Списокот на кандидати за советници го објави партијата.

Усеини беше советник и во актуелниоот состав, но лани поднесе оставка. Тој ѝ е познат на јавноста по повеќе скандали, од кои најпознат е случајот со терасата-дивоградба на неговата пицерија во центарот на Охрид, кај стариот Чинар. 

15.09.2021 - 17:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега