Неделковски: Владата се уште не ја дала помошта за спортот за мај и април

„Помина цела недела откако директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, изјави дека се исплатени средствата за месец април кои се дел од државната помош за спортистите и спортските работници во време на епидемијата и тотална блокада на македонскиот спорт. Согласно уредбата сумата од 14.500 денари требаше да се исплати најдоцна до 15 мај, но трансфер на средствата нема, односно не е целосен, изјави Влатко Неделковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„На 10-ти април, водени од критериумите за распределба на скандалозниот ваучер предложивме мерки кои опфаќаа 4.200 луѓе во висина од 2.000.000 евра, како и извор на средства од каде овие пари би биле исплатени. Но, Владата и АМС донесоа катастрофална уредба, која на крај резултираше со опфат на само 855 спортисти, спортски работници и спортска администрација кои наместо 14.500 денари ќе добијат 13.050 денари во вкупна вредност од околу 400.000 евра. Или 5 пати помалку од тоа што го понудивме како мерка. Наместо пари за 4.200, тие опфатија 855 спортисти, па и за нив нема пари на време“, рече тој.

Неделковски кажа дека од 855 корисници 767 се од колективните и само 88 се од индивидуалните спортови.

„И внимавајте, само седуммина од 88 корисници од индивидуалните спортови се спортисти. Останатите 81 се административци и помал број на тренери“, кажа тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2020 - 17:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега