Неделков: Има добра волја од двете страни за да се надмине ситуацијата

Денеска заедничка прес-конференција имаа министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Неделков предупреди дека може да има последици доколку не се изнајде заедно прифатливо решение, но и тој потврди дека преговорите се движат во добар правец.

„Има добра волја од двете страни да се надмине ситуацијата, продолжува и дијалогот со МОН. Она што е договорено со работните групи од двете министерства e дека колективните договори ќе бидат пропишани во соодветна рамка“, нагласи претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура.

17.05.2022 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега