Неделен хороскоп - напната и лоша недела за овој хороскопски знак

Пролетта ни носи подобро расположение, а за некои хороскопски знаци и чувство на заљубеност. Прочитајте што ни носи неделниот хороскоп од 15-21 април.

Овен

Напнати сте и тоа не ви одговара воопшто. Оставете ги ѕвездите да ви го покажат патот.

Ја надминувате љубовната криза и сега сите работи се добри.

Здравје е добро.

Бик

Ве очекува некаква добивка или добра заработка од работата. Трошете паметно.

Во љубовта ви оди одлично, минувајте само повеќе време заедно.

Можни се алергии.

Близнаци

Оваа недела ќе ви годи одмор. Морате да соберете енергија за нови работни победи.

Минувате повеќе време со саканата личност, тоа е добро.

Здравјето е добро.

Рак

Сакате да работите, но и да уживате во животот. Ви годи таквиот баланс.

Мало затишје на љубовен план.

Проблеми со крвниот притисок.

Лав

Кога станува збор за работата, живеете ден за ден. Полека го градите патот кон успехот, но морате да изградите стратегија.

Партнерот ви го нарушува балансот.

Ве мачи нервоза.

Девица

Доаѓа недостаток во буџетот на кој не сте сметале. Но, брзо ќе го исправите тоа, бидејќи сте одговорни.

Би ви годело заедничко патување со партнерот.

Минувајте повеќе време на свеж воздух.

Вага

Доаѓа помош од странство на која не сте сметале. Таман кога мислевте дека сите бродови ви потонаа.

Во љубовта сте премногу неодлучни.

Намалете го алкохолот.

Шкорпија

Ви доаѓа помош од  личност која ќе ви помогне да напредувате во работата.

Во љубовта имате одлична енергија.

Добро се чувствувате оваа недела.

Стрелец

И понатаму се држите до вашата цел. Морате да одите чекор по чекор. Ќе успеете.

Ви се чини дека во љубовта сите работи се комплицирани и замрсени. Но, треба да најдете сила да ги решите сите проблеми.

Добро се чувствувате.

Јарец

Бидете внимателни, бидејќи на работа имате личност која не ви мисли добро.

Премногу сте апатични за да дозволите љубов да влезе во вашиот живот.

Здравјето е добро

Водолија

Ви се чини дека работите се подобри кога помалку се трудите.

Заљубени сте и среќни.

Исцрпени сте.

Риби

Оваа недела ви носи убави моменти на полето на работата.

Убави љубовни моменти, излегувајте почесто од дома.

Здравјето е добро.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2019 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега