Небиу: Стратегијата со блокади е за да се создадат пукнатини во владината коалиција со цел изборите да бидат неизбежни

Граѓанскиот активист Бесим Небиу гостуваше во емисијата „360 степени“ на „ТВ Алсат“ и кажа дека ВМРО-ДПМНЕ има легитимно право да бара предвремени избори.

Небиу вели дека ВМРО-ДПМНЕ има предност на анкетите, па поради тоа сака да се врати на власт што побрзо.

„Овие блокади се дежа-ву, не се иновативен начин, но им овозможува на помалите партии да вршат притисок. Мислам дека оваа стратегија со блокади е за да се создадат пукнатини во владината коалиција со цел изборите да бидат неизбежни, особено во случај кога нема да има повлекување на ветото во ЕУ во јуни“, вели Небиу.

13.05.2022 - 23:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега