Небиу: Отворено асоцирање со ВМРО-ДПМНЕ на АА и Беса би имало цена кај гласачите

Граѓанскиот активист Бесим Небиу во емисијата „360 степени“ на „ТВ Алсат“ кажа дека опозицискитие албански партии не застанаа целосно зад активната блокада на Собранието промовирана од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој смета дека таквиот потег е зашто водат сметка за влијанието врз гласачкото тело.

„Отворено асоцирање на Алијансата за Албанците и Беса со ВМРО-ДПМНЕ ќе има цена кај гласачите. ВМРО-ДПМНЕ двапати ги освои изборите во минатото, во смисла на тоа колку гласови имаше во однос на СДСМ, но не успеа да направи Влада, зашто немаше капацитет за коалиција“, вели Небиу.

13.05.2022 - 23:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега