Небиу: Од договорот на Заев и Гаши најмногу добива Ахмети

Не освоија ниту еден градоначалник на последните избори, а денес победнички влетаа во власта. Алтернатива донесе прагматична одлука, смета аналитичарот Небиу, која барем на краток рок ќе го стабилизира политичкото милје.

 

Плати ли СДСМ превисока цена за опстанок на владата?
„Мислам дека СДСМ немаше друг избори и мислам дека ја плати таа цена која Алтернатива ја побара. Ќе видиме како ова ќе се одрази кај гласачите на Алтернатива. На среден рок ова ќе отвори други апетити во коалицијата, ова е комплицирана коалиција. “ – вели Небиу за Сител.

Со напуштањето на коалицијата со Алијанса на Албанците, Алтернатива направи репозиционирање на албанскиот политички блок. Небиу смета дека најголем победник од ова сценарио сепак е ДУИ.

„Тоа што ќе го добие ДУИ е фактички распаѓање на коалицијата Алијанса и Алтернатива која им беше главен политички противник на два табора. Тоа ја става во многу подобра ситуација. Мислам дека и математички со ова рекомпонирање, ДУИ станува клучот за обезбедување на мнозинство и во некоја хипотетичка ситуација ДУИ може да предизвика предвремени парламентарни избори со ВМРО-ДПМНЕ кога сака“ – вели Небиу

Небиу вели дека барањето на Алтернатива за меѓународен мониторинг на некои судски случаи повеќе служи како политички маркетинг и нема да донесе некакви суштински промени за овие предмети за кои веќе има пресуди.

Станува збор за комплицирана коалиција, заклучува Небиу, која ќе има потешкотии да се одржува доколку нема брзи позитивни резултати.

 

06.12.2021 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа