Вработените во Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ и фирмите ќерки „Флораком“ и „Луна“ денеска излегоа повторно на улица и блокираа неколку крстосници во Град Скопје, со цел да го изразат своето незадоволство за доцнењето на платите за месец август.  

Претседателот на Синдикалната организација на „Паркови и зеленило“ вели дека иако очекувале дека ќе наидат на разбирање од надлежните институции, сепак оттаму не добиле никакви конкретни чекори, само ветувања. 

Иако се е сработени во паркови и зеленило, може и самите да видите, плата нема. Зошто нема плата и има двојни стандарди кон ова претпријатие, ситедруги имаат и плати и К15, нас не ни е дадено ништо. Затоа се прашуваме иако бевме залажувани дека ќе добиеме на рати, дека ќе добиеме К15 не добивме. Затоа е овој револт. Не е политика туку е револт.

Претседателот од  репрезентативниот синдикат за комунални дејности СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски пак, објасни дека потребно е да се изготви нов документ за одржливо финансирање на претпријатието со кој би се спречиле ваквите нередовни исплати на плати.

Со оглед на тоа дека ваквиот досегашен начин за финансирање на ова претпријатие е неиздржлив и имаме нередовна исплата на плати и потешкотии во работата на претпријатието. Заедно со стручниот кадар од ЈП и ние СУТКОЗ да изготвиме еден документ во кој ќе изготивиме насоки за поинакво одржливо финанисрање. 

Од Сојузот на синдикати на Македонија, пак информираа дека веднаш по завршување на блокадите, платата за месец август им била исплатена само на вработените во „Паркови и зеленило“, додека вработените во фирмите ќерки „Флораком“ и „Луна“ се уште не го добиле својот надоместок.

Доколку не им биде исплатена платата и на останатите вработени, блокадите ќе продолжат и во наредните денови. 

Leave A Reply

Exit mobile version