Не тргнувајте за Грција - офијцијално границата се уште не е отворена

Сите информации кои во моментов кружат на социјалните мрежи и на интернет а се однесуваат на процедурата за влез во Грција се неофицијални или протоколи кои важеа за т.н. меко отворање на границите во Грција уште во текот на минатиот месец односно на 19 април.
Официјална Атина до овој момент се уште нема објавено официјални протоколи за тоа какви ќе бидат процедурите за влез во Грција и но за време на престојот таму. Тоа е и главната причина поради која оние граѓани кои во моментов се наоѓаат на Богородица не можат да влезат во земјата. Според најавите протоколот ќе треба да се официјализира денеска и веројатно до крајот на денот да биде објавен во грчкиот службен весник по што и официјално ќе стапи на сила.
До тогаш и туристите кои чекаат на Богородица нема да можат да влезат во Грција. Оптимистички, прогнозите се дека тоа ќе се финализира до полноќ иако не треба да биде изненадување доколку низ Евзони не може да се помине се до утре наутро.
Во однос на она што беше потребно за влез во земјата, протоколите кои до сега важеа беа ПЦР тест не постар од 72 часа или потврда за вакцинација 14 дена по примената втора доза од било која вакцина. Овие документи се бараа на сите патници кои се постари од 5 години.
Она што вчера го најави премиерот Заев дека ќе има можност за влез со тест за антитела се уште не е официјализирано.
Вчера грчкиот министер за туризам Теохарис најави дека можност за влез во земјата ќе имаат и оние кои ќе имаат сертификат дека ја прележале болеста, но многу земји имаат различни методи на негово издавање и признавање, а Грција тоа се уште го нема прецизирано.
На пример, одредени земји овој сертификат дека сте ја прележале болеста го признаваат само со приложување на позитивниот ковид тест во времето кога сте биле позитивни, oдносно 20 дена по денот кога сте биле дијагностицирани можете да ја поминете границата. Тоа е проблем за оние кои прележале асимптоматски и никогаш не се тестирале но имаат антитела. Во многу земји не може да се влезе само со потврда дека имате одредена количина на антитела.
Сепак, има и држави во кои можете да влезете ако покажете позитивен сертифициран тест на антитела. Оваа опција им овозможува на оние кои имаат антитела а никогаш не се тестирале позитивни да ја минат границата. Исто така ова е добра можност и за тие кои не го завршиле процесот на вакцинација а создале антитела да поминат поевтино бидејќи овој тест е значително поевтин од ПЦР тестот.
Во однос на возраста за која ќе се бара тест според протоколите кои важеа за „мекото“ отворање уште во април тие беа задолжителни за сите деца над 5 години. Сепак, според најавите, Грција во „целосното“ отворање, односно од 15 мај планира оваа граница да ја покачи на 10 годнии, а некои српски медиуми пишуваат и за можноста тестови да не се прават за деца до 12 години.
За оние кои ќе патуваат важно е да го пополнат и формуларот во кој ќе наведат каде престојуваат. Важно е тој да биде пополнет еден ден пред поаѓањето бидејќи Грција прави пресек на полноќ по локално време (23:00 по македонско). Па така ако сакате утре рано наутро да тргнете за Грција, мора да го пополните формуларот најдоцна до 23:00 вечерва по македонско време. Во спротивно нема да можете да патувате и ќе мора да чекате уште еден ден. Формуларот можете да го најдете тука откако ќе регистрирате акаунт. Токму на оваа страна можете да забележите дека се уште не се објавени прецизните протоколи, а доколку се обидете да најавите дека ќе влезете преку Евозни во Грција ќе забележите дека кај граничниот премин има фуснота во која стои дека влезот е дозволен само за грчки државјани, што е уште една потврда дека Грција се уште не го официјализирала отворањето.


 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2021 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега