Сведочењето на Габриела Наунова во судот денеска откри скандалозни пропусти во реакцијата на службите за време на пожарот во кој ја загуби својата ќерка Надица. Наунова раскажа дека во моментите кога очајно се обидувала да ја спаси својата ќерка, побарала помош од полицаец, на што добила одговор кој ја згрози јавноста: „Јас не сум обучен за тоа“.

Мајката опиша сцени на вистински хорор – како со голи раце кршела делови од објектот за да им овозможи воздух на девојчињата заробени во тоалетите, додека службените лица стоеле настрана. Надица била извлечена од нејзиниот татко, а наместо со брза помош или полициско возило, до болницата била пренесена со приватен автомобил на друг граѓанин. Сведоштвото на Наунова отвора сериозни прашања: Како е можно службени лица на терен да бидат само неми набљудувачи на трагедијата?

Exit mobile version