Не се знае кој вршел градежни активности на брегот на Охридско - градоначалникот најави враќање на локацијата во првобитна состојба

Овластени лица од Државниот инспекторат за животна средина, Градежниот инспекторат од Општина Охрид како и полициска екипа извршиле увид на местото каде неодамна со механизација се интервенираше на самиот брег на Охридското Езеро.

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески денеска изјави дека направени се записници од увидот, се чека информација од полиција за идентификација на сторител за да се поднесат соодветни пријави.

– Наредната седмица ќе ангажирам градежна механизација и сето тоа што таму е насипано ќе биде отстрането, а земјиштето ќе биде вратено во првобитна состојба, рече Георгиески.

Пред три дена со тешка градежна механизација и камиони се насипувааше земја на самиот брег на Охридското Езеро, во населбата Далјан на потегот пред Извидничкото одморалиште. Од СВР – Охрид се уште нема информација за тоа чија е механизацијата и кој стои зад недозволеното узурпирање на строго заштитениот крајбрежен појас на езерото. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2020 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега