Не се знае кога Заев ќе седне на маса со Ахмети за да заигра „метлата"

Засега се уште не е утврден термин за средба на премиерот Зоран Заев со лидерот на ДУИ и коалициски партнер Али Ахмети во врска со најавената владина реконструкција, рече портпаролот на Владата Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција ,која му е последна бидејќи станува генерален секретар во кабинетот на новиот претседател Пендаровски.

-Во овој момент немаме прецизна информација за датум и време за средбата. Во однос, пак, на владината реконструкција тоа е одлука на ниво на коалициски партнери, рече Бошњаковски, а за повеќе информации упати на политиките партии.

Инаку, средбата беше најавена поради најавената метла на Заев. Заев веќе истакна дека таа ќе почне од министрите и замениците и ќе се процени кој колку работел, а клучен фактор ќе биде и ароганцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.05.2019 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега