Не се дава: Берлускони ја преброди короната, излегува од болница

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони ќе излезе денеска од болницата во Милано, каде беше примен пред две недели поради коронавирус.

„Брлускони ќе биде отпуштен денеска на пладне“, рекле функционерите од неговата партија Форца Италија денес во порака до новинарите.

83-годишниот Берлускони беше хоспитализиран на 4. септември поради благи симптоми на пневмонија во двете белодробни крила бидејќи се заразил со коронавирус во Сардинија, пренесува Ројтерс.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.09.2020 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа