Не само пасоши, во МВР недостигаат и сообраќајни дозволи

Не само пасоши, во земјава недостигаат и обрасци за сообраќајни дозволи.  Граѓани кои имале проблем со обезбедување на овие документи, за Фактор велат дека е многу тешко да се дојде до сообраќајна дозвола.

Извори од МВР за Фактор велат дека е точно оти има недостиг, но тврдат дека во случајот со сообраќајните дозволи не станува збор за голем проблем како кај пасошите, туку за повремени „гепови“ кои траат по еден до два дена, кои потоа брзо се надополнуваат.

Најизразен е проблемот на подрачјето на СВР Скопје.

„Конкретно овие денови има недостиг, но од компанијата која ги изработува сообраќајните дозволи ни рекоа дека утре или најдоцна до задутре би требало да пристигнат околу 5.000 обрасци, со што ќе се надмине тековниот недостиг“, објаснуваат извори од СВР Скопје.

Од МВР за Фактор велат и дека до проблемот дошло поради лошо планирање, односно не се нарачувале навреме онолку дозволи колку што биле потребни за тој период од годината.

Инаку, сообраќајните дозволи траат и до осум години, но кога се менува сопственост на возило, односно кога се купува нов или употребуван автомобил, задолжително мора да се промени и сообраќајната дозвола. Всушност, најмногу им требаат сообраќајните дозволи на оние кои препродаваат возила.

Всушност, изворите од МВР објаснуваат дека до оваа „зголемена побарувачка“ за сообраќајни дозволи дошло, меѓу другото и поради зачестените контроли кои ги прават токму од СВР Скопје, а во кои се бара покажување на овој документ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 08:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега