„Не сакам војна со Русија“, им кажал полскиот претседател на комичари кои лажно му се претставиле како Макрон

 

Полскиот претседател Анджеј Дуда по падот на ракетата во источна Полска рекол дека не би сакал тој инцидент да доведе до војна со Русија.

Дуда ова го кажува во разговор со руските комичари Владимир Кузњецов – Вован и Алексеј Стољаров – Лексус, кои оствариле контакт со него, лажно претставувајќи се како францускиот претседател Емануел Макрон.

Во снимката која денеска беше објавена на социјалните мрежи, наводниот Макрон го прашува претседателот Дуда дали инцидентот го поврзува со постојаните барања на украинскиот претседател Володимир Зеленски за нови испораки на оружје. На тоа, како што е соопштено, претседателот на Полска одговорил: „Верувај ми, јас сум крајно внимателен. Не обвинувај ги Русите. Емануел, мислиш дека ми треба војна со Русија? Не. Верувај ми, не го сакам тоа“.

22.11.2022 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега