Не сакала да ја продаде куќата, па околу неа изградиле автопат: И нуделе богатство, а таа одбила (ВИДЕО)

 

Кога се градел автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг, г-ѓа Лијанг не сакала да постигне договор со властите и да се пресели.

Затоа куќата од 40 квадратни метри денес стои „во дупка“  среде автопат со четири ленти. Сопственичката не сака да се пресели затоа што државата не и дала фер понуда и соодветна локација,  вели таа.

„Јас ги знам последиците и не ми пречи што мислат другите за мене. Мислите дека околината е лоша, но сметам дека е тивка, ослободувачка и удобна“, тврди таа.

Таа, наводно, побарала од кинеската влада четири станови и тие се согласиле да и дадат два.

Тие исто така понудиле  сместување во близина на градската мртовечница, што е уште една причина зошто таа не сакала да се пресели.

Властите ја оградија куќата уште во 2010 година за да ја срушат и да изградат мост. Сепак, г-ѓа Лианг е една од 47 домаќинства и седум фирми кои сè уште живеат таму.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.08.2020 - 18:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега