Не претерувајте со овој популарен зачин - може да предзвика труење

 

Мирисното мускантно оревче е еден од најценетите зачини на светот, а од порано е познато по својата препознатлива арома, афродизијачки својства како и лековитост.

Мускантното оревче спаѓа во зимзелените дрва, а потекнува од прашумите на индонезискиот Молук, познат уште како и остров на зачините. Припаѓа на фамилијата билки Myristicaceae.

Дрвото на мускантното оревче успева исклучиво на тропски климатски услови, а може да порасне дури до 15-18 метри. Плодот на мускантното оревче има величина на кајсија, а кога ќе созрее се сече и му се вади семката која нам ни е позната како мускантно оревче.

Консумација на мускантно оревче во големи количини може да предизвика прекумерно потење, недостиг на концентрација, забрзана работа на срцето, болки во целото тело, па дури и халуцинации, делириум и смрт.

Бидете внимателни при дозирањето на овој зачин и користете го во мали количини бидејќи во тој случај може да биде сигурен дури и во период на бременост и доење.

 

 

 

25.05.2018 - 21:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа