Не престанува насилството на протестите во Белград (ВИДЕО)

Четврт ден по ред насилни протести во Белград, но и во повеќе градови во Србија, наспроти забраната за собирања на повеќе од 10 луѓе на јавни места, пренесуваат српските медиуми.

Незадоволни од политичката и епидемиолошката ситуација во земјсата, граѓаните излегоа на улиците во Белград, Нови Сад, Ваљево, Ниш, Лесковац, Пирот, Врање.

По 20.30 часот избија судири меѓу десничарите, припадниците на „Левијатан“ и „Образ“. Демонстрантите фрлаат камења кон полицијата, која пак се обиде со солзавец да ги растера.

Демонстрантите кршат прозори и врати на Собранието, ја пробија заштитната ограда и се качија на собраниските скали, а потоа се обидеа да упаднат во зградата на Народното собрание. Запалија и факли. Полициски кордон е распореден по целиот град.

Како што пренесуваат српските медиуми, демонстрант со маска пред Собранието нападнал новинар на Н1.

Според информациите, уапсен е демонстрант кој на протестот пред Собраниската зграда, по караница со нож прободел 32-годишен маж.

10.07.2020 - 22:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега