„Не пијам и ги оставив пороците, а во каков однос сум со Раста ќе видите во Скопје - Ана Николиќ откри детали

 

Популарната пејачка Ана Николиќ конечно се враќа на сцената по долгата пауза по породувањето.

А поради нејзината ќерка таа се одлучила да се одрече и од алкохолот.

 

-Не излегувам, не пијам, не правам глупости…Го лулам бебето, вежбам, здраво се хранам, слабеам, не правам скандали. И сосема е нормално да не лудувам по клубовите, да не патувам од држава во држава и да и се посветам на својата ќерка, вели Николиќ за српските медиуми.

 

Во врска за поранешниот сопруг и разводот не сака многу да говори али потврдува дека се во добри односи.

-Јас на таа тема ставив точка кога се огласив на социјалните мрежи, можам само да го потврдам тоа што го напишав. Стефан е најдобриот татко на светот и нема да дозволам да се каже некој лош збор за него. А во каков однос сме може да видите кога ќе не видите нас на заеднички концерт во Скопје на 16 февруари, рече Ана.

 

А во врска со вишокот на килограми и дека прилично се здебелила таа вели дека полека се враќа во старата одлична форма.

 

 

 

 

12.01.2018 - 19:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа