„Не наседнувајте на приказни“: Д-р Кон открил кои маски треба да се носат

Сите додатоци на маските, кои стануваат бизнис предизвици, ќе бидат и понатаму присутни и не треба да наседнувате на приказни дека нечии маски се позначајни, покорисни и побезбедни, рекол денеска српскиот епидемиолог Предраг Кон, додавајчи дека и најобичните платнени маски се сосема доволни.

Тој така изреагирал на молбата да ги искоментира израелските маскиза кои се тврди дека го убиваат коронавирусот.

„Колку може бакарот-оксид да помогне не е нешто посебно впечатливо и не би ги препорачал никому ниту смеам многу да коментирам“, рекол Кон.

Рекол дека маските се корисни, без оглед дали се еднослојни, двослојни или повеќеслојни, хируршки, епидемиолошки или посебно стандардизирани.

Причината за нивното носење, рекол, е поради тоа што лицето кое носи маска не испушта вирус.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.08.2020 - 19:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега