Не можеме веќе да чекаме: Бајден потпиша уредби за борбата против климатските промени

Новиот американски претседател Џозеф Бајден потпиша денеска повеќе уредби кои треба да допринесат во борбата против климатските промени.

Уредбите, меѓу другото, имаат за цел да елиминираат загадување од фосилните горива во електроенергетскиот сектор до 2035 година и во цела американска економија до 2050 година, зголемување на користењето на соларната и енергијата на ветерот,м со намалување на зависноста од нафта и гас.

Цњелта е забавување на глобалното загревање кое допринесува се почести пожари, обилни дождови и урагани, наведува Асошиејтед прес.

„Не можеме веќе да чекаме во борбата против решавање на кризата предизвикана од климатските промени. Со сопствени очи гледаме што се случува. Време е за акција“, рекол Бајден.

Додал дека уредбите значително ќе допринесат во амбициозниот план на администрацијата во борбата против егзистенцијалните закани на климатските промени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2021 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега