Животното кое синоќа беше пронајдено во скопската населба Козле не е волк, туку куче кое веќе си го бара сопственикот, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Иако во јавноста се проширија информации дека станува збор за диво животно, првичните проверки покажуваат поинаква состојба.
Од АХВ нагласуваат дека тие воопшто не биле официјално известени за случајот кога тој се случил. Според нивните информации, станува збор за куче кое е чипирано.
„Животното што синоќа беше пронајдено во скопско Козле и пренесено во карантин во Скопје ЗОО допрва ќе биде предмет на испитувања од страна на АХВ“, велат од институцијата.
Случајот предизвика вистинска бура на социјалните мрежи и загриженост кај граѓаните поради шпекулациите за појава на волк во урбана средина.
Надлежните институции најавуваат дека ќе се извршат дополнителни проверки за целосно да се утврдат сите околности пред животното да му биде вратено на сопственикот.


