По трагичната вест за смртта на Владимир Блажев – Панчо, неговите пријатели и соработници од македонската музичка сцена продолжуваат да се збогуваат со емотивни пораки.

Пејачката Тамара Тодевска ја сподели својата длабока тага преку социјалните мрежи:

Не беше овој свет за тебе, не е ова место за луѓе со премногу љубов, добрина и талент. Ти од сѐ ова имаше во неизмерни количини и сакам да верувам дека одиш на подобро место. Многу дружби, спомени, концерти, снимања… Многу смеење, музика и емоции… Горда сум што имав брат како тебе, другар за цел живот, колега кој знаеше да ме критикува, пофали, советува… Патувај мирно Џуџе. Секогаш ќе те сакам, сподели Тамара Тодевска. 

Exit mobile version