Навални ја побара облеката во која бил кога му се слошило, болницата одговори: Таа е предмет на истрага

Облеката на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални во која на 20 август бил хоспитализиран во болницата во Омск, ја заплениле истражувачите, соопштило денеска Здравственото одделение на Омск.

Истражувачите ја заплениле облеката на Навални во текот на предистражната инспекција и ние не сме запознаени со нејзината судбина, соопштила прес службата на Здравственото одделение пренесува ТАСС.

Ова е работа на органите за спроведување на закони и истраги, а не Министерството за здравје или администрацијата на биолницита, навела прес-служабата на Здравственото одделение.

Навални претходно денеска побарал од руските власти да му ја предадат облеката во која минатиот месец паднал во кома и ја обвинил Москва за ускратување на важни докази во неговиот случај.

Навални рекол дека му е одземена облеката пред да биде префрлен во Германија на лекување од Сибир откако му се слошило во авион, пренесува Ројтерс.

Германија соопшти дека тестовите во три земји утврдиле дека Навални бил отруен со нервен агенс „новичок“ поради што Западот барал објаснување од Русија.

„Пред да ме однесат во Германија, тие ми ја соблекоа цела облека од мене и ме испратија целосно гол“, напишал Навални на Инстаграм.

„Со оглед на тоа дека „Новичок“ беше пронајден на моето тело и дека е многу веројатна инфекцијата со контакт, мојата облека е мноу важен доказ“, смета тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2020 - 18:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа