Навални иронично за тврдењето на Путин: Планирав да си сварам новичок и да го пијам во авион
Рускиот опозиционер Алексеј Навални можеби сам себеси се отрул со новичок, рекол рускиот претседател Владимир Путин наводно пред францускиот претседател Емануел Макрон, објавил Монд повикувајќи се на неименувани извори.
Путин, наводно во релефонски разговор со Макрон, на 14. септември рекол дека Навални повеќе пати „симулирал болест“.
Навални, кој денеска излезе од болницата во Германија, каде закрепнуваше по труењето, реагирал на наводните тврдења на Путин и рекол дека се нелогични.
„Мојот план беше да си сварам новишок во кујна, да го пијам полека во авион, да умрам и да завршам во мртовечница во Омск, каде мојата причина за смрт ќе биде наведена како „живееше доволно“, напиша Навални на Инстаграм.
Иронично додал: „Путин ме надигра. На крај поминав 18 дена во кома како идиот и не добив што сакав“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа