Наумовска: Заврши реконструкцијата на еден правец од булеварот Александар Македонски- обезбедуваме побезбеден сообраќај

„Градската и локалната власт во Гази Баба, предводени од СДСМ секојдневно работат и завршуваат проекти во интерес на сите. Имено, во процесот на инфраструктурната офанзива овој период со забрзана динамика го реконструиравме бул. Александар Македонски, источниот влез на градот Скопје“, рече Мартина Наумовска од ОО СДСМ Гази Баба.

„За само 30 дена реализирана е реконструкција во должина од 5,3 километри и истиот е пуштен целосно за сообраќај.

Во следниов период интензивно продолжуваме со работа на излезот од градот на овој булевар исто така во должина од повеќе од 5 километри со што ќе го заокружиме процесот на обнова на правците за влез и излез на кои не е работено повеќе од 40 години.

Нагласуваме дека Градот Скопје за првпат ќе изврши експропријација на земјиште за изградба на велосипедска патека на овој булевар што ќе го подобри урбаното живеење и, конечно, ќе има велосипедско поврзување на граѓаните и граѓанките од Ченто и Маџари со остатокот од градот“, кажа Мартина Наумовска од ОО СДСМ Гази Баба.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.10.2020 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа