Наумовска: Министерството за образование и наука подготвено за уписот на средношколци во прва година

Министерството за образование и наука-МОН, подготвено и во соработка со општините ќе го реализира уписот на средношколци во прва година што ќе се врши во текот на следната недела, изјави денеска заменик министерот во МОН, Елизабета Наумовска.

Процесот на упис на ученици во прва година ќе се врши во неколку денови, а дополнително испративме насоки до училиштата во кои минатите години имало поголем интерес за запишување од бројот на понудени места според конкурс, и во тие училишта документи ќе се прибираат четири денови, појасни Наумовска.

-Резултатите за учениците што се запишуваат во средните училишта во прва година ќе бидат истакнати во петок на 19 јуни, по 15 часот за сите средни училишта во државата. На тој начин обезбедуваме еднаквост и рамноправност при конкурирањето. Во сите 4 денови за упис подеднакво исто е правото на ученикот да конкурира, а рангирањето ќе се врши по завршувањето на уписите, истакна Наумовска.

На прес-конференција заменик министерката во МОН Елизабета Наумовска информира дека Владата подготвува ваучери со кои на средношколците постари од 16 години, кои се од семејства чии приходи во месец март биле помали од просечната плата во месец март, ќе им се овозможи да користат ваучер-картица во висина од 6.000 денари со кои ќе може да купат училишен прибор, дрес, патики или други наставни помагала за децата со посебни потреби од специјалните училишта.

– Ние исто така обезбедивме и средства за студентите со кои ќе може да ги покриваат трошоците за упис на факултет, за пријавување испити или покривање на дел од партиципацијата во студентските домови и се со цел да им помогнеме на учениците, студентите и секако нивните родителе да ги решаваат социјалните проблеми, посочи Наумовска.

Заменик министерката во МОН Елизабета Наумовска денеска во Битола изврши увид на градежните работи и реконструкцијата на кровот што се врши во средното училиште „Таки Даскало“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.06.2020 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега