Наумоски: Во Волково изградивме детска градинка, спортска сала и кружен тек

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски во отчетот пред граѓаните истакна дека како никогаш досега се инвестира во населеното место Волково каде денеска значително се унапредени условите за живот.

„Во Волково, за првпат изградивме детска градинка, по многумина најмодерна и најсовремена не само овде, туку и во регионот. По 60 години Јоаким Крчовски доби спортска сала. Денес 400 ученици и сите жители на Волково имаат можност да спортуваат во нова модерна спортска сала, изградивме нов кружен тек, на многу улици ставивме крај на септичките јами со поставување на канализација а потоа и асфалт или бехатон“ порача градоначалникот Наумоски.

26.09.2021 - 18:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега