Наумоски: 200 проекти зад себе и уште 200 за целосна урбанизација на Ѓорче

„Четири години се зад нас откако го преродивме Ѓорче. Тоа се четири години на успеси, четири години на посветена работа за подобар живот во наше Ѓорче. Она што е направено останува да им служи на нашите граѓани и идните поколенија, но ние мора да гледаме напред, затоа што напред е правецот кој го покажува Најдоброто“-ова им го порача на ѓорчепетровци, кандидатот за градоначалник од редовите на коалцијата предводена од СДСМ, Александар Наумоски, на вечерашниот митинг на кој присуствуваа претседателот на СДСМ Зоран Заев и кандидатот за Град Скопје, Петре Шилегов.

На овој празничен ден, на кој им се полклонуваме на државотворците, кои ни оставуја аманет да ја чуваме државата, Наумоски потсети што е сработено за четири години. Ѓорче Петров го доби староновото Корзо, потврда за подобар живот во општината е и изградбата на најмодерната градинка во Волково, модерно, смарт лед осветлување, спортската сала и новиот кружен тек во Волково и првиот затворен базен кој се гради во Ѓорче Петров.

40 километри фекална канализација, со 40 километри асфалитарни и пет километри поплочени улици, над пет километри водоводи и над 7.700 квадратни метри нови паркинзи.

Наумоски ги презентираше и петте капитални проекти кои се водилка на новата програма ,,Најдоброто за мојата оппштина“

-Најбитен проект секако е Клиничкиот центар, инвестиција вредна 500 милиони евра, најголема гринфилд инвестиција во Македонија и најголема инвестиција во македонското здравство. Кејот на реката Лепенец конечно мора да биде модерно уреден со регулација на коритото и спортско рекреативна зона долж течението. Го решаваме слабиот доток на вода во ниските зони во општината од Јурија до Хром со изградба на резеорвар во месноста Оризарски рид. За првпат по 40 години во Ѓорче Петров градиме ново основно училиште во населбата Александрија, модрено со современа спортска сала. Деценискиот проблем со недостиг на капацитет за згрижување деца во градинките, го решаваме со изградба на две нови детски градинки во Ново Село и во Дексион, рече Наумоски.

За реалицација на овие прокети Наумоски ја побара поддршката која и досега безрезервно општината ја добиваше од Градот  и централната власт

11.10.2021 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега