Наумче Мојсоски е новиот директор на Агенција за млади и спорт

Поранешниот македонски репрезентативец во ракомет, Наумче Мојсоски, ќе биде новиот директор на Агенцијата за млади и спорт, објави „Плус инфо“.

Мојсоски седнува на оваа функција на местото на Дарко Каевски, кој стана пратеник во Собранието, и не може да извршува две функции истовремено.

Мојсоски со активната играчка кариера заврши во 2016 година како член на ЧМС Букурешт. Во минатото играше за Лехвија, Металург, Вардар, Риоха, Пелистер, Југ и Струга.

За националниот тим на Македонија има преку 100 натпревари.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2020 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега