Наум Петрески со порака до колегите: „Носете се у мајчина“

На официјалната Фејсбук страна на Здружението на естрадните уметници – ЗЕУМ беше објавен статус во кој пишува дека тие вторпат ќе бараат помош од државата за музичарите, но само за оние што се членови на Здружението. На оваа нивна објава изреагира и познатиот фолк-пејач Наум Петрески кој во коментар упати пцовка до музичарите што се декларираат како естрадни уметници и ѕвезди, но, според него, не се од негов ранг.

„Носете се у мајчина сите вие таканаречени уметници и ѕвезди, без никаков багаж и тежина, сосе шарената ваша влада“, напиша Наум Петрески во коментар.

Не е првпат пејачот да реагира бурно преку социјалните мрежи. Тој често ги коментира другите музичари, неодамна ѝ се налути на Владата што мора да седи во карантин оти короната не била опасна, а за политичарите рече дека ќе ги прави мелено месо за прихрана во Зоолошката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.08.2020 - 17:47
Фото: 
Репортер.мк

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа