Научниците забележаа нешто необично: Намалување на човечката активност влијае на земјената кора

Некогаш птреполните градски улици сега се празни поради коронавирусот.

Сообраќајот на автопатите е сведен на минимум, а луѓето се поретко излегуваат надвор. Глобалните мерки против сузбивање на коронавирусот наизглед го направија светот помирен, а тоа го забележаа и научниците.

Низ целиот свет, сеизмолозите бележат значително помалку амбиентален сеизмички шум -  што значи вибрации создадени од автомобили, возови, автобуси и луѓе кои се движат во нивните секојдневни животи. И во отсуство на тој шум, горната кора на земјата се движи помалку.

Томас Лекок, геолог и сеизмолог во Кралската опсерваторија во Белгија, прв го забележал овој феномен во Брисел. Брисел бележи намалување од 30 до 50% на сеизмички бучава во животната средина од средината на март, времето кога земјата започна да ги затвора училиштата и деловните претпијатија и спроведе други мерки за социјална оддалеченост, според Лекок. тоа ниво на бучава е исто како што сеизмолозите би го виделе на Божиќ, рече тој.

Сеизмолозите во другите градови забележуваат слични ефекти во нивните градови. Паула Колемејер објави на Твитер табела во која се гледа како опаѓа и бучавата во Западен Лондон во периодот на затворањето на училиштата и јавните простори во Велика Британија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2020 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега