Научниците открија кој е најчест симптом на коронавирус: Не е ниту температура, ниту кашлица

Научниците од Кралскиот колеџ во Лондон дошле до заклучок дека најочигледниот симптом на зараза со коронавирусот е губење на сетилото за мирис.

Според резултатите на британската студија, губењето на способноста за препознавање на мирис било забележано кај речиси 60 отсто од пациентите, кај кои дополнително било утврдено дека биле позитивни на Ковид-19, и кај само 18 отсто чиј тест на вирусот бил негативен. 

„Според нашите податоци, а во комбинација со другите симптоми, кај лицата кои го изгубиле чувството за мирис, веројатноста дека се позитивни на Ковид-19 е 3 пати поголема, па затоа е потребно таквите лица да се самоизолираат во текот на една недела за да се намали ширењето на заразата”, истакнал Тим Спектор, професор од колеџот.

Ваквите податоци ги навеле научниците на заклучокот дека губењето на сетилото за мирис е најизразениот симптом на инфицираност со вирусот. Научниците во истражувањето направиле модел кој овозможува да се одреди, врз основа на која комбинација на симптомите може попрецизно да се прогнозира дали одредено лице е заразено со Ковид-19. Помеѓу тие симптоми се издвојуваат губење на сетилото за мирис и вкус, висока телесна температура, сува кашлица, малаксаност, дијареа, болка во стомакот и намален апетит.

Истовремено, според мислењето на експертите на Британското здружение за оториноларингологија, губењето на чувството за мирис може да биде знак на зараза и од некој друг тип на коронавирус.

Научниците советуваат дека треба да се обрне внимание и на очите. Американски експерти објасниле дека иритацијата на очите и непријатната сензација можат да бидат знак на воспалителен процес во организмот предизвикан од коронавирусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2020 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега