Научници во Пентагон осмислиле чип кој го детектира коронавирусот и филтер кој го филтрира вирусот надвор од телото

Американски воени научници смислија микрочип што го детектира коронавирусот и филтер што ја филтрира од крвта.

Научниците кои работат во тајна единица на Пентагон основана во екот на Студената војна сега создадоа микрочип што се вметнува под кожата и кој наводно детектира ковид, како и револуционерен филтер кој според извештаите на медиумите може да го отстрани вирусот од крвта кога е прикачен на машината за дијализа.

Тимот на Агенцијата за напредни истражувачки проекти во одбраната (ДАРПА) со години работи на спречување и запирање на пандемии, измислувајќи решенија и уреди кои повеќе наликуваат на научна фантастика, а помалку наликуваат на наука, пишува Дејли меил.

Членовите на тимот во американската емисија „60 минути“ рекоа дека сега дизајнирале микрочип кој ги открива ковид инфекциите пред да се појават симптомите.

Бидејќи идејата за микрочипирање на луѓе не инспирира голема самодоверба, пензионираниот полковник Мет Хепберн, од тимот на ДАРПА, рече дека Пентагон нема намера да го следи секој чекор што луѓето го прават, но тој не даде друго објаснување.

Хепберн, кој инаку е експерт за заразни болести, во шоуто покажа гел сличен на ткиво, дизајниран за постојано тестирање на крвта.

„Го инјектирате под кожата и ќе ви каже дали има хемиска реакција во вашето тело, а тоа е сигнал дека симптомите ќе ги почувствувате утре“, објасни тој.

Хепберн рече дека членовите на тимот биле инспирирани од напорите да се спречи ширењето на вирусот врз уништувачот Теодор Рузвелт, каде 1271 членови на екипажот биле позитивни на коронавирусот.

"Ова е како контролна ламба. Морнарите добиваат сигнал, потоа земаат крв и ја тестираат на лице место. Можеме да ги добиеме резултатите за три до пет минути. На тој начин, со дијагностицирање и лекување, ќе го запрете ширењето на инфекцијата ," рече тој.

Американската армија веројатно е крајно скептична во однос на новиот изум, со оглед на извештајот на Њујорк Тајмс, кој покажа дека третина од војниците одбиле да бидат вакцинирани од страв да не бидат чипирани.

Тимот на Хепберн дизајнираше и филтер кој се прикачува на машината за дијализа и го отстранува вирусот од крвта.

Експерименталниот четиридневен третман беше даден на „пациент 16“, сопруга на војник кој беше на интензивна нега во септичен шок.

„Вие го стартувате, го вади вирусот и ја враќа крвта“, рече Хепберн.

За неколку дена, пациентот 16 се опорави целосно.

Американската агенција за борба против лекови (ФДА) одобри употреба на филтри и во моментов се користи во лекување на скоро 300 критично болни пациенти.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2021 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега