Научници предупредуваат: Омикрон има способност да избегне имунитет од претходна инфекција со коронавирус

Омикрон има значителна способност да избегне имунитет од претходна инфекција со ковид, покажува првата вистинска студија во светот за ефектот на новиот сој на коронавирус.

Откритието покажува дека новата варијанта може да предизвика значителен бран инфекции, дури и кај популации со високо ниво на антитела.

Истражувачите од Националниот институт за заразни болести на Јужна Африка (NICD) предупредуваат дека нивното откритие има важни импликации за јавното здравје.

„ Остануваат суштинските прашања во врска со тоа дали омикрон исто така може да го избегне имунитетот предизвикан од вакцината и потенцијалните импликации на намален имунитет на инфекција врз заштитата од тешки болести и смрт“ велат научниците.

Тие разгледаа речиси 2,8 милиони потврдени случаи на Ковид-19 во Јужна Африка од март 2020 година и открија дека 35.670 се реинфекции.

Ризикот од реинфекција во сегашниот бран со новиот сој – омикрон е 2,4 пати поголем отколку во првиот бран, покажува истражувањето.

02.12.2021 - 23:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега