Научници откриваат: Колку време е потребно за коронавирусот за умре во вода?

Експерти од Државниот истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија Вектор спроведоа студија за способностите на коронавирусот да живее во вода.

Околу 99,9 отсто од честичките умираат на собна температура на водата за 72 часа, соопшти прес-службата на Сојузната служба за надзор и заштита на правата на потрошувачите.

Докажано е дека вирусот во солена вода не се размножува, но може да живее. При тоа, времето на деактивирање на новиот коронавирус директно зависи од температурата на водата.

Во вода на собна температура 90 отсто од вирусот умира за време на 24 часа, а 99,9 проценти за 72 часа. Топлата вода доведува до негова потполна деконтаминација и истребување, додека во вода со хлор коронавирусот потполно губи способност за одржување.

Со растот на температурата на водата, бројот на живи вирусни честички значајно се намалува, се вели во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.08.2020 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега