Научници открија кои жени имаат поголем ризик потешко да заболат од коронавирус

Неодамнешното истражување покажа дека жените во постменопауза имаат поголема веројатност да развијат потешки симптоми на коронавирус.

Истражувачите од „Кингс колеџ“ во Лондон велат дека нивните откритија сугерираат дека лачењето на естрогенот сè уште обезбедува високо ниво на заштита од ковид.

Имено, тие анализирале податоци од скоро 600.000 жени во Велика Британија кои користат апликација Covid Symptom Study.

Луѓето кои ја имаат апликацијата им пријавиле на научниците како се чувствуваат секој ден, а резултатите покажале дека жените во пост-менопауза имаат 22 проценти поголема веројатност да имаат потешки симптоми отколку жените кои сè уште имале менструација.

Овие жени се со поголема веројатност да бидат хоспитализирани и ќе им треба респираторна поддршка.

Жените во рана менопауза, од друга страна, со помала веројатност ќе ја заболат болеста посериозно, како и оние на комбинирана контрацепциска пилула, бидејќи содржи естроген.

Просечната возраст за достигнување на менопаузата е е 51 година. Постменопаузата е период што се јавува после менопаузата и е поделен на рана (до 70 години) и доцна (по 70 години) постменопауза или сеијум.

Естрогенот е полов хормон кој е одговорен за развој и регулирање на женскиот репродуктивен систем. Нивото на естрогенот паѓа кај жените во менопауза и може да влијае на функционирањето на организмот – вклучително и на имунолошкиот систем.

Ова може да објасни зошто МЕРС, друг вид на коронавирус, претставувала поголема закана за мажите отколку жените.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.08.2020 - 18:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега