НаТочак за најавениот висечки мост: Да се направи велосипедско поврзување со патеката на Кејот на Вардар

 

Неформалната група НаТочак реагира дека рампите за велосипеди мора да бидат испроектирани заедно со проектот за мостовитеза да не одземаат од нивната практичност и естетика.

Оттаму, велат добро е што новиот мост ќе имаат велосипедски патеки од двете страни, но имаат и забелешки.

- Негативна вест и голем пропуст во скицата и 3Д проекцијата на мостот, е што никаде не видовме велосипедско поврзување со главната велосипедска магистрала, Кејот на реката Вардар од двете страни. Тоа би значело дека жителите на населените места Бардовци, Злокуќани, ќе треба непотребно да поминат 650 метри за да се приклучат на патеката од десната страна на реката Вардар, и околу 1 км за да се приклучат на патеката од левата страна на реката Вардар. Со ова се доаѓа до заклучок дека велосипедската патека се прави без никаква практичност, и целта е само броење на должина на велосипедска мрежа, велат од НаТочак.

26.08.2021 - 19:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега