НАТО загрижен поради Кина и 5Г: Да се преиспита

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Западот не може да го игнорира растот на Кина, како и оти е важно Велика Британија да ја преиспита улогата на Хуавеи во својата 5Г мрежа, за да ја гарантира нејзината безбедност.

Како што пренесува Ројтерс, Столтенберг за радио Би-Би-Си изјави дека Кина му се приближува на Западот на различни начини, како и оти се надева дека Британија ќе се погрижи 5г мрежата во својата земја да биде безбедна.

-Поради тоа е важно да се утврди на кој начин оваа цел би можела да биде остварена, истакна генералниот секретар на НАТО Алијансата.

Велика Британија истражува како би влијаеле најавите на Соединетите Американски Држави за воведување санкции против Хуавеи на одлуката таа земја да дозволи оваа компанија да учествува во изградбата на инфраструктурата за 5Г во земјата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2020 - 19:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега