Наставничка во специјално училиште во Флорида имала секс со малолетник - за една година спиеле повеќе од 100 пати

Полицијата уапсила 40-годишна наставничка од специјално училиште во Флорида поради наводни сексуални односи со пријател на нејзиниот 15-годишен син, а се товари за полово вознемирување на малолетник со кој имала секс повеќе од сто пати. Сузан Ведл во понеделникот поднела оставка на своето работно место во училиштето за посебни потреби.

Одделението за посебна истрага во склоп на процесот ги испитало тинејџерите и родителите, па извлекле признание за сексуалниот однос со наставничката кој се повторувал цела година. Малолетник признал дека имале секс повеќе од сто пати.

Врската започнала после фудбалски натпревар на кој играл синот на Сузан заедно со сега оштетениот другар. Госпоѓата Ведл тогаш се напила, пишува во полицискиот извештај.

Иако малолетникот кажал дека и тој тогаш барал секс со Ведл и дека Сузан некое време го одбивала велејќи дека тоа е непримерено, таа сепак е обвинета затоа што половиот однос се повторувал.

„Ведл е неговата прва и единствена сексуална партнерка и малолетникот верувал дека е заљубен во неа“, тврди полицискиот инспектор. Се наведува дека имале секс и во неговата и нејзината куќа, автомобилот и на плажа. Наставничката дури и за сексуалните услуги му купувала скапи подароци.

Случајот стигнал до полицијата така што советникот на училиштето пријавил кога до него стигнале експлицитни пораки кои наставничката и малолетникот си ги разменувале.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2019 - 16:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега